Мекејн вели дека тој „филм и претходно е виден”, додавајќи дека секој ден се појвуваат нови аспекти од аферата, пишува „Дејли бист”.

Сенаторот порача дека Трамп би требало се да изнесе во јавноста „бидејќи колку повеќе одложува, толку аферата подолго ќе трае”.

Мекејн нагласи дека е неприфатливо тоа што Трамп се состанал со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во Овалната соба.

Весникот „Вашингтон Пост” обвини дека Трамп при минатонеделната средба на Лавров му открил „строго доверливи информации” за планиран заговор на џихадистите од Исламска држава, кои не биле пренесени ниту на сојузниците на САД.