“Нема што да правам тука повеќе. Светот ме повикува”, напишала 23-годишната учесничка во најголемото балканско ТВ-шоу “Икс Фактор” и додала: “Продолжете да верувате во мене, ќе направам нешто големо”.

На Фифи некако и појде од рака да донесува големи животни одлуки. Прво пред извесен период реши да го смени полот и го почна процесот, а сега и државата и замина на северниот крај на Европа.

“Официјално процесот на мојата транзиција е веќе започнат, првиот чекор е направен. Добив потврда дека сум транс жена со која ќе можам да ги започнам и терапиите. Пресреќна сум што ќе можам својот пол да го прилагодам кон својот род”, изјави пред неколку месеци и додаде дека промената на полот ќе значи целосен препород.

Останува да видиме дали токму во оваа скандинавска држава Фифи ќе си ја реализира најголемата животна замисла, односно дали ќе ја направи операцијата која подразбира промена на половиот орган, односно машкиот орган да се замени со женски.