Унгарија ја прими новата пратка со еден милион примероци од лекот „Фавипиравир“ од Кина, објави во понеделникот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објави HungaryToday

Сијарто рече дека во тек се разговорите со меѓународните партнери за заштита од пандемијата на коронавирусот, вклучувајќи набавка на вакцини, како и лекови за поефикасно лекување на пациентите. Како резултат на тоа, новата пратка пристигна од Кина доцна во неделата, рече тој.

Лекот може да се користи за пациенти кои веќе покажуваат симптоми на инфекција, но во соодветна доза може да помогне да се спречи влошување на симптомите – рече тој.

Во тек се разговори со неколку производители за понатамошни набавки, рече Сијарто, додавајќи дека до крајот на оваа недела очекуваат да пристигне пратка со дополнителни еден милион примероци од лекот од Јапонија.

Сијарто, кој се зарази со вирусот и се уште се наоѓа во карантин, рече дека има типични симптомите на вирусот, и изрази надеж дека неговата состојба нема да се влоши.