x

Сити ќе ризикува со „промашувањето“ на Атлетико

Манчестер Сити ќе тргне по услугите на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, пишуваат дел од англиските медиуми.

Сити му „фрлил око“ на Феликс, откако имаше лоша сезона во дресот на Атлетико, откако дојде во Мадрид од Бенфика за сума од повеќе од 100 милиони евра, како замена за Гризман.

Но, Феликс освен неколку добри партии, не покажа дека е достојно засилување за Атлетико.

Сега Сити, на некој начин, ќе ризикува со него и ќе се обиде да го донесе на „Етихад“. Се споменува сума од 70 милиони евра, а Атлетико има добра шанса да заработи и да врати дел од парите кои ги даде, иако тоа е далеку од она што го плати на Бенфика.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата