Од сите двојки во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити и каталонскиот гигант Барселона.

Среќа за време на дрепката немаше ниту лондонскиот премиерлигаш Челзи кој за противник го доби актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Двојки за 1/8 финална рунда: ПСЖ – Челзи, Манчестер Сити – Барселона, Леверкузен – Атлетико М., Јувентус – Борусија Д., Шалке – Реал (М), Шахтјор – Баерн (М), Арсенал – Монако, Базел – Порто.

Првите натпревари се играат на 17,18, 24 и 25 февруари, а реванш дуелите се закажани за 10, 11, 17 и 18 март.