x

Сити на крилата на Жезус го совлада Евертон, Мојс тргна со убедлива победа, и Але погоди со ножички

Два гола на Габриел Жезус за победа на Сити над Евертон со 2:1. Жезус за кратко време донесе 2:0 во 51. минута и седум минути подоцна. Ричарлисон во 71. минута намали, но Евертон немаше сили да дојде до бод. Жезус ја погоди стативата и Манчестер пропушти да дојде и до поубедлив триумф.

Дејвид Мојс имаше одлично враќање на клупата на Вест Хем откако со 4:0 го совлада Бурнмут. Нобл, Але и повторно Нобл донесоа 3:0 на полувремето, а печат стави Андерсон во вториот дел. Голот Але го постигна со ножички, и ова се втори ножички денеска откако видовме и на дуелот Брајтон – Челзи.

Норич и Кристал Палас одиграа нерешено 1:1.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата