x

Сити му се заблагодари на Рашфорд: Ти си фантастично момче, гордост на Манчестер

Маркус Рашфорд е еден од хероите кога станува збор за сиот овој изминат корона периодт на Островот.

ТОј со својата кампања која ја покрена, го натера Британскиот премиер да се заангира многу повеќе околу учениците и ја постигна целта. Собра огромна сум на средства кои се наменети и ќе бидат потрошени за храна за децата кои одат во училиште.

Затоа, целата нација е горда на играчот на Манчестер Јунајтед, а Рашфорд доби благодарница и од страна на лутиот ривал Манчестер Сити.

Клубот објави на социјалните мри специјална објава во која му се заблагодарува на Рашфорд и му порачува дека тој е херој со кој се гордее градот, а и самиот Манчестер со него.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата