x

Сити и Ливерпул со „фајтерски“ 1:1 (видео)

929a4434d05ae0ca2c0e68fcbc90db17o2

Како што и му доликува на едно премиерлигашко дерби така и бидна денешниот дуел помеѓу екипите на Манчестер Сити и Ливерпул во рамките од осмото коло од овогодинешниот шампионат. Со многу борба, шанси дуели, и два гола. Мечот заврши 1:1, што е реално и најкоректен резултат ако се земат в предвид сите настани на натпреварот.

Ливерпул поведе од белата точка во 13. минута откако Салах беше прецизен, а потоа во 31. минута, Габриел Жезус израмни на 1:1. Домаќинот преку Кевин Де Брујне можеше да дојде и до водство уште до полувреме но Белгиецот промаши удар од белата точка.

Во вториот дел и двата тима имаа шанса да дојдат до полн плен но истите не ги искористија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата