x

Сити им се одмазди на „волците“ – ги улови на „Молину“ (видео)

de-brujn2

Манчестер Сити ја забележа првата победа во англиската Премиер лига. За разлика од другите кои го играа второто коло, „граѓаните“ добија поштеда и нивниот меч од 1. рунда беше одложен за вечерва. А тие тргнаа фуриозно.

На „Молину“ го совладаа амбициозниот Вулверхемптон со 3:1. Резултатот го отвори Де Брујн во 20. минута од пенал откако претходно врз него непрописно стартуваше Роман Сајс.

Во 32 минута погоди и Фил Фоден после добрата акција на Стерлинг за 2:0.

Вулверхемптон имаше убава шанса во 60 минута но шутот на Проденс заврши над голот. Сепак, „волците“ дојдоа до утешен гол во 78 минута. Поденс центрираше, а Раул Хименез ја затресе мрежата. Во петтата минута од продолжението Габриел Жесус ги урна сите надежи на домашните да се спасат од пораз.

Ова беше втор пораз на Вулверхемптон оваа сезона. А Сити им се одмазди на „волците“ за двата порази минатата сезона на домашен и на гостински терен.

A пред овој меч се пресметаа Астон Вила и Шефилд Јунајтед. Победи Астон Вила со 1:0 со кол на Конса во 63 минута. Претходно, во 34 минута новиот голман на Вила Емилијано Мартинез му одбрани пенал на Лундстрам. А пред пеналот дефанзивецот на Шефилд Џон Еган доби директен црвен картон по што неговиот тим играше ослабен повеќе од 70 минути.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата