Бившиот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ, се обрати до медиумите со соопштение во кое одговара на сите обвинувања од страна на популарната пејачка, патем откривајќи и детали од нивниот заеднички живот. Во километарското соопштение Иван нагласува дека без никаква помош од ПР тимови, советници, адвокати ја пишува целата вистина за нивниот брак, и дека му е доста од лагите на Гоца.

Детално ги објаснил сите испади на пејачката, деновите кога немале ниту за леб, а таа кубела коси оти била навикната на луксузен живот. Ја опишува и ноќта по нивната свадба кога наместо да уживаат во првата заедничка вечер, тие ваделе пари од пликовите кои ги добиле како подарок, оти не можеле да го исплатат долгот кон ресторанот. Она што најмногу го заболело е тоа што се вљубил во неа и бил подготвен на се, а таа сакала само пари.

Те потсетувам дека пет години живеевме скромно и постојано те молев да не трошиш пари на глупости. Ти беше навикната на убав живот, бидејќи пред мене беше со мажи кои имаа сомнителни професии, од банди… тие ти купуваа чевли од илјада евра, скапи бунди и работи кои ти се потребни во животот, ги трпеше иако пред нив беше помала од маково зрно, а покрај се, не смееше да ги пријавиш дека те тепаа и те малтретираа. Денес многу од нив се убиени или во затвор, а многу од нив и ти ги украдоа парите, кои се обидувавме заеднички да ги вратиме. Знам дека ти беше тешко да живееш со човек кој чесно заработуваше 500 евра”, меѓу другото напишал Иван, кој уште напишал и дека го искористила само за да роди дете.

Знаеме дека ти беше крајно време да родиш дете и дека родителите те притискаа и ете се случив јас. Се заљубив, а се останато е историја. Дали се сеќаваш кога кај мајка ми се распрашуваше колку сум здрав и плоден и дали во семејството има некои наследни болести? Се сеќаваш ли кога ми раскажуваше за своите бивши со кои си посакувала дете, а никој не сакал”, напишал уште Иван.

На ова Гоца не останала рамнодушна, па му одговорила дека е засрамена и потресена од тоа што го напишал и дека барала начин како сето тоа што го кажал татко и да и го објасни на ќерката Лена. Потенцирала дека се што напишал Иван е невистина, како и тоа дека неговата единствена цел била јавно да ја понижи. Гоца признала дека многу пати била жртва на неговото насилство за кое сведоци биле нивни блиски пријатели. Иван и се заканувал со претепување, иако тој тоа никогаш не признал, а за да ја докаже вистината, рекла дека постојат записници во полиција.