Министерот за економија Крешник Бектеши, кој е од редовите на ДУИ вели дека кратењето на платите на администрацијата ќе ги демотивира и тие кои работат во овие денови, а намалувањето на платите ќе влијае на вкупната потрошувачка, односно директно ќе влијае врз економијата во земјава.

„Затоа треба да бидеме внимателни како влада, истовремено треба да бидеме внимателни како политичка партија кога излегуваме пред јавноста со конкретни мерки. Треба да бидат тоа мерки кои имаат основа како калкулации и конкретни бројки и како тоа може да влијае врз економијата во целост, а особено на семејните буџети, значи во случајов каде спаѓа и јавната администрација“, вели Крешник Бектеши.

На директно прашање на новинарот на ТВ21 дали ќе го подржи предлогот на Заев, Бектеши беше прецизен и кажа дека нема да подржи таков предлог.

На мерката на Заев за намалување на платите на административците реагираа и од албанската коалиција Алеанса за Албанците и Алтернатива.

Целиот текст и видео прилог можете ги видите на ТВ21.