Терминот 1. јануари во 11.15 часот за љубителите на класична музика во светот, резевриран е традиционално за познатиот виенски Новогодишен концерт.

Секоја година во Златната сала Muzikferajna на Виенската филхармонија се одржува овој настан. И оваа година ќе биде, и покрај моменталната пандемија на коронавирус концертот би требал да се одржи – дали со публика или без неа, сеуште со сигурност не се знае. Како концертот ќе биде организиран во овој момент не се прецизира.

А диригентот?

Она што е сигурно е дека концерт ќе има и дека зад диригентскиот пулт, шести пат ќе биде Рикардо Мути.

На програмата на Новогодишниот концерт традиционално ќе се изведуваат композиции на династијата Штраус и нивните современици, врвни интерпретации на валцери, полки и маршеви.

Зградата Muzikferajna каде што концертот се одржува важи за центар на класична музика во Виена. Големата сала наречена “Златна сала“, не само што е најубава, туку е најакустична сала во светот. Во антички стил изградена е сала специјално за Новогодишен концерт украсена со бројни цвети аранжмани. Столбовите, карјатиди и сводовите на салата асоцираат на вистински музички храм.

Најпознатиот Новогодишен концерт ќе го пренесуваат 90 земји во светот.