Иако најверојатно не сте ни помислиле, но додека водите љубов вашиот партнер го мачат различни стравови. Најчесто тоа се обиди да открие дали ги задоволува важите желби и потреби. Не дозволувајте му да биде вовлечен во тој магичен круг на анксиозност и несигурност, дешифрирајте ги неговите скриени стравови и помогнете му да се ослободи. А кои се тие стравови?

1) Предвремена ејакулација – вечниот и недостижен сон на секој маж е да доживее бескрајна ерекција, да е во состојба неверојатно долго да води љубов и да го достигне највисокото ниво на тантричките љубовни вештини. Затоа секој маж се плаши од предвремена ејакулација, иако стручњаците тврдат дека не постои временска граница со која прецизно може да се измери нормалниот сексуален чин. Проблемот значи постои во неговата глава, а на вас останува да го ослободите од чувството на вина. Обидете се максимално да ја продолжите предиграта, да го смирите со своите бакнежи и милување и да ја одложите пенетрацијата.
Имено, мажот кој се плаши од овој проблем несвесно ќе се обиде побргу да доживее оргазам за да провери што е можно побргу дека овој пат успеал да издржи малку повеќе.

2) Ослабната ерекција-На второто место на лажните машки митови се наоѓа ерекцијата. Ако не е во состојба да постигне моментална, стабилна и силна ерекција, мажот веднаш помислува дека е импотентен. Но на јачината на неговата сексуална желба, која циклично се засилува и слабее, влијаат многу како надворешни така и внатрешни фактори. Пред се годините: едно е да се возбуди на 18 години кога е доволен и само поглед на еротска фотографија, а нешто сосема друго кога мажот има 50 години. Во подоцнежните години од пресудно значење се соодветната атмосфера и доза на присебност, бидејќи најчестата причина за проблемите со ерекцијата е стресот. Тогаш најмногу може да му помогне партнерка која е сигурна во себе и која нема да приговара ако тој веднаш не одговори на нејзините еротски сигнали – жена која оваа ситуација не ја доживува како знак дека меѓу нив повеќе нема доволно страст.

3) Страв дека повеќе не е во состојба да се возбуди-Сосема е природно мажот да чувствува премаленост и млитавост од една до друга ерекција. Колку ќе трае тој период, е индивидуално различно. Овој проблем воопшто и не постои ако мажот за партнер има жена која по љубовниот чин зрачи со задоволство и смиреност. Всушност, јунаците од филмските бајки кои се во состојба веднаш да почнат од почеток главно се измислени.

4) Вечниот проблем на сантиметрите-Овој страв се јавува во пубертетот, особено кај младите кои се незадоволни од себе и својот изглед и се споредуваат со нереалните примери, ретките, ,,надарениè мажи. Поголемиот број на мажи го пребродува овој комплекс со првата успешно остварена љубовна врска, но големината ма машкиот полов орган е табу тема за жените и затоа секогаш избегнувајте ја. Бидејќи, мажот кој си умислил или навистина има сексуален проблем, жената најмногу ќе му помогне ако е подготвена да му понуди и да му возврати нежност, внимание и љубов. Во тие моменти на вашата врска Ј е најмалку потребно вината да ја пронаоѓате во себе и на неговите опсесии да го додадете вашиот страв дека повеќе не сте му привлечни.