Францускиот шампион ПСЖ вечерва од 20:45 часот гостува на „Камп Ноу” во реванш дуелот против Барселона, каде од првиот натпревар носат капитални 4:0, што сигурно планираат да ги задржат во Каталонија.

Рака на срце, резултатот е голем, но ако некој може да направи пресврт, тоа е само Барселона, која вечерва сигурно уште од првата минута ќе се обиде да ја нападне француската екипа.

Додека медиумите пишуваат за тоа како ПСЖ вечерва ќе постави тотална одбрана и „бункер” пред налетот на Каталонците, видео материјалот од вчерашниот тренинг на ПСЖ, всушност покажува како и на кој начин ќе настапат фудбалерите на гостинската екипа.

[video:https://youtu.be/NuGLOKnih7I]

Првична цел на „парижани“ ќе им биде да постигнат барем 1 гол, кој сигурно ќе ги стави во пододредена ситуација, затоа што тогаш, на Барселона би и била потребна победа од 6:1.