Претставникот на муслиманското малцинство во северна Грција Орхан Хаџи Ибраим, кој воедно е и кандидат за пратеник од листата на Нова демократија изјави дека ќе се залага муслиманското малцинство во земјата да биде признато за турско. Во интервју за весникот “Прото тема” Ибраим истакна дека самиот се чувствува Турчин и додаде дека етничкото самопределување е право на секој човек. Тој објасни дека само претставниците на муслиманското малцинство во источна Тракија се грчки граѓани со муслиманска вероисповед.