Меган Маркл во друштво на сопругот, принцот Хари дојде на европската премиера на филмот „Кралот лав“ која се одржа во Лондон. Меган носеше елегантен црн фустан со класичен крој и транспарентни ракави. Креацијата е на Џејсон Ву, а војвотката фустанот го стилизира со клач-чанта од „Гучи“ и чевли од Алтузара.

Фустанот кој го одбра војвотката е со А-крој кој возуелно го истенчува струкот и им прилега на сите жени кои носат величини од С до Л.