Прославениот фудбалер на Ајакс и холандски репрезентативец Франк де Бур го шокираше светот со својата изјава. Холанѓанецот кој во моментов како тренер го предводи тимот на американска Атланта жали што коронавирусот го заобиколил.

Де Бур бил тестиран за коронавирус заедно со целиот стручен персоналот на тимот кој се натпреварува во МЛС лигата, а кога пристигнале резултатите рекол дека е разочаран. Изјава која наиде на големи осуди во јавноста имајќи го фактот дека САД моментално се наоѓа во пикот на епидемијата и е земја со најголем број на заразени и смртни случаи од коронавирусот.

– Жал ми е што не сум позитивен, така би стекнал имунитет. Не сакам повеќе да се грижам за моето здравје – изјави Де Бур за ЕСПН, а потоа продолжи:

 Доколку постои можност сезоната да игра до крај, тоа би било одлично, секогаш е најдобро да се одредат шампионите на теренот – посочи Де Бур

Пред да ја преземе Атланта Јунајтед, Френк Де Бур ги тренираше тренер „своите“ Ајакс, Интер и и Кристал Палас.