Сите банкарски такси на виделина!
Советот на НБРМ вчера донесе одлука за пресметување и објавување на ефективна каматна стапка на кредитите и депозитите. Правилата без исклучок ќе важат за сите банки, а крајната цел е да се зголеми транспарентноста во нивното работење и да се прекине со пракса на изненадување на клиентите во “минута до дванаесет” со јавно презентирање на едни трошоци, кои на крајот на пресметката излегуваат неколкукратно повисоки.
Како што информираат од Народната банка, потенцијалните кредитокорисници ќе бидат информирани не само за каматната стапка, како досега, туку и за сите други трошоци кои се поврзани со користење на кредит од која нило банка. Од Централната банка велат дека дополнително банките ќе се обврзат да објават и други релевантни информации, како што се услови за користење на кредит, висина на затезна камата, инструменти за обезбедување на кредитот, можности за предвремено враќање на земените пари, односно за повлекување на депозитот.
Весна М. БОЖИНОВСКА