Викендов полицијата откри уште два случаи каде скопјанец, радовишанец и жител на Демир капија превезуваат петнаесетина мигранти кон Куманово.

Во првиот случај, во неделата околу 22 часот, уапсен е Ж.К. (41) кој во службеното “сеат толедо” успеал да бутне дури шестмина мигранти од Сирија. Тој е фатен на патот кој води од Богданци кон Струмица во близина на селото Костурино.

Околу 23.30 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, полициска патрола забележале паркирани автомобил и комбе во кое во моментот се качува поголема група мигранти. Полицајците не успеале да ги запрат на време, па автомобилот “форд фиеста” продолжил по патот, а поголем дел од мигрантите побегнале во темнината. Сепак, на местото бил фатен скопјанецот Н.Ц. (31) и деветмина Сиријци кои требало да ги носи со неговиот “фиат дукато”.

Полицајците не се откажале, па кај клучката Неготино го блокирале патот и набрзо таму се појавила и фиестата која ја управувал Д.Н. (33) од Демир Капија, а кој требал да биде претходница на скопјанецот и да го алармира ако има полициски патроли по патот.

Викендов на преминот “Богородица” беше уапсен и бугарски државјанин, кој во бункер на камион на фирма во која тој работел имаше сокриено 11 мигранти од Сирија.