Делегација на сириската опозиција од Виена најави дека ќе го бојкотира конгресот за Сирија, кој го организира Русија во Сочи по новиот круг преговори.

„Делегацијата на сириската опозиција ќе ја бојкотира конференцијата во Сочи, која ја организира Русија на 29 и 30 јануари“ навеле извори од делегацијата.

По два дена преговори за сириската криза, кои овојпат беа одржани во Виена, а не, вообичаено во Женева, не е постигнат напредок.

„Делам огромни фрустрации со милиони Сиријци, внатре и надвор од Сирија, поради недостигот од политички решенија“ изјавил специјалниот известувач на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

Претходната, осма рунда преговори, заврши во декември без напредок поради сптивставените ставови за улогата на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, по завршувањето на војната во која од 2011 година загинаа над 340.000 луѓе.

Русија ќе биде домаќин на мировните преговори во црноморското летувалиште Сочи, идната недела, на кои е предвидено учество на двете страни.

извор: Makfax