Сириец влегол во Македонија од Албанија, а бил во Турција и Италија
Дваесет и шестгодишен државјанин на Сирија синоќа сам се пријавил во Полициското одделение Групчин, кој илегално влегол во нашата земја од Република Албанија, откако претходно бил во Турција и Италија, а планирал да замине во Србија.
По краткото задржување во Полициската станица Тетово, Н.Г. бил предаден во Транзитниот центар Табановце.
извор: Makfax