Репрезентативецот на Италија, кој во изминатите неколку сезони го чуваше голот на францускиот гигант ПСЖ, Салваторе Сиригу, во пролетниот дел од актуелната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Осасуна.

Поранешниот голман на Палермо ќе настапува како позајмен играч, но веќе потврди дека не планира да се врати на “Паркот на принцовите” на крајот од актуелната сезона.

Италијанскиот интернационалец до почетокот на новата сезона имаше статус на стандарден првотимец, но тој статус го загуби откако во тренерското столче седна шпанскиот стручњак, Унаи Емери.