Според кажувањата на неговите школиски пријатели, Роко би сакал мајка му да биде сериозна и невина. Не му е сеедно заради провокативните фотографии, бидејќи сите во училиштето го задеваат.

Од друга страна, неговата постара, но по се изгледа и полиберална сестра Лурдес, вели дека провокативниот едиториал ја воодушевил.

“Има што да покаже и нема од што да се срами. Тоа го можат само силните и самоуверени жени. Затоа и симнувам капа”, ги прокоментирала Лурдес голите фотографии на својата мајка.