Невработените лица што се осигурени преку Агенцијата за вработување во иднина здравствените картони ќе ги добиваат преку пошта. Печатањето, ковертирањето и дистрибуцијата ќе го врши Македонска пошта, а новите здравствени картони ќе бидат редизајнирани, но ќе ја задржат сината боја и ќе важат четири месеци. На невработените лица ќе им бидат доставувани трипати во годината во затворен плик (на крајот на декември, април и август). Од вкупниот број невработени (околу 400.000), дури 63 отсто или 245.438 лице го користат правото на здравствено осигурување преку Агенцијата за вработување. “Вработените во Агенцијата мораа годишно да подготвуваат над три милиони парчиња здравствени картони. Сега оваа работа за нив ќе ја врши Хибридната пошта, а од ваквиот начин на дистрибуција на картоните очекуваме годишно да заштедиме 2,5 милиони денари”, истакна директорот на Агенцијата, Миле Стојменовиќ на вчерашната прес-конференција на која беше промовиран договорот склучен меѓу оваа институција, Фондот за здравство и Македонска пошта. Поштата, пак, како што вели нејзиниот директор Таип Јакупи, од овој договор очекува годиш но да инкасира од 12 до 14 милиони денари. За директорот на Фондот за здравствено осигурување, Никола Пановски овој на- чин на дистрибуција на сините картони е само привремено решение што би се напуштило во иднина. Тој најави дека со поддршка на Светската банка се размислува за воведување на магнетна картичка, која освен за плаќање на здравствено осигурување на вработените лица, би мо- жела да се кориси и како лична карта, а би содржела и други податоци. (С. Бл.)