Синиша Михајловиќ е позитивен на корона вирус, а од неговиот клуб открила и како се чувствува. Од Болоња, неговиот клуб, објавиле дека Миха е добро и дека заради прописите мора да остане во изолација во следните две недели.

– Синиша Михајловиќ, кој се врати во Болоња во петокот, е тестиран на кови-19 и резултатот беше позитивен. Тренерот нема симптоми, но ќе остане во изолација во следните две недели, како што налага националниот протокол. Сите од младинската школа беа негативни, а во понеделник ќе се тестираат и сите првотимци“; рекла од клубот.

Колку за потсетување, годинава Миха се лекуваше од акутна леукемија, една од најтешките болести на модерното доба и успеа да ја победи истата. Се надеваме дека корона вирусот нема дополнително да влијае на неговото здравје и да му ја влоши состојбата.