x

Симона Халеп нема да игра на УС Опен, ја интересираат само турнирите во Европа

Вториот светски тениски рекет во женска конкуренција, 28-годишната Романка Симона Халеп е првата sвезда која објави дека нема да настапи на УС Опен. Само неколку часа откако Гуврнерот на државата Њујорк потврди дека Грен Слем турнирот ќе се одржи почнуваји од 31 август, Халеп објави дека нема намера да патува во САД.

Минатогодишната победничка на Вимблдон и освојувачка на Ролан Гарос во 2018 година, одлучи дека до крајот на годинава да настапува само на европските турнири и евентуално во финалето на ВТА, чиј домаќин е кинескиот град Шенжен. Меѓу европските турнири ќе се најде и Ролан Гарос, каде Романката ќе се обиде да триумфира по вторпат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата