x

Симов ја “скенираше“ Шкендија, се поздрави и со својот довчерашен капитен Дурански

По мечот меѓу Шкендија и Серед, кој предмалку заврши, срдечна средба меѓу Горан Симов, тренерот на Силекс и Филип Дурански, кој настапи за словачкиот тим и кој до вчера беше капитен на кратовци. Неговиот трансфер во Серед е речиси готов, а Симов се интересираше околу сето тоа, сака човекот да знае дали и дефинитивно не ќе може да смета на својот најдобар фудбалер во пролетниот дел. Исто така Симов ја „скенираше“ Шкендија, познато е дека веќе во второто коло во Кратово екипата на Силекс го дочекува шампионот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата