x

Симов самокритичен: Јас сум виновен, одигравме катастрофа, нула пас игра, нула шанси!

simov

Горан Симов, предводникот на Силекс воопшто не беше задоволен од изданието на својот тим во дуелот со Дрита.

„Едноставно не влеговме во мечот како што треба, целосна вина сносам јас затоа што јас одговарам. Едноставно силата е таа. Агресија имаме, но имаме страв од победа, од гол… Едноставно, ова е најлошиот меч од кога сум јас тренер на Силекс. 

Моја е вината што мислев дека начинот на кој ја подготвував екипата дека може на тој начин да дојдеме до нешто. Нула пас игра, нула шанси, непрепознатлива екипа на Силекс. Фудбалски катастрофа. Сите честитки до Дрита, заслужено победа. Ние излеговме на терен колку да излеземе. Да не дадеше Дрита гол, ние сами ќе си дадевме“, рече Симов. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата