Симовски повика 22 ракометарки, кои ќе се подготвуваат за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година.

На списокот покрај повредените Марија Николиќ од Металург и Андреа Белеска од Валчеа, ја нема ниту Зорица Десподовска од полскиот тим Пјоткрковија. Првиот собир ќе се одржи во Автокоманда, на 13 март 2017 со почеток од 10:00 часот.