x

Симовски во роденденско расположение: Мотивирани сме, сакаме да го покажеме најдоброто

screenshot_1-8

Одбојкарскиот тим на Вардар вечерва (20 часот) го игра првиот од двата дуели со Камник во првата рунда во Челинџ Купот. Македонскиот тим во комплетен состав отпатува за Словенија. Иако „црвено-црните“ за противник имаат силен тим, сепак се подготвени да одиграат добри мечеви и секако да дојдат до радост.

Амтосферата во ОК Вардар ја пренесе искусниот Јовица Симовски, кој денеска полни 38 години. Од таборот на својот тим го изненадија со торта, се обидоа да се снајдат со свеќи, па наместо бројката 38, стоеше 18.

„Супер натпревар, секогаш е добро да се играат овие европски дуели, за тимот ќе бидат важни за понатамошниот тек на првенството. Камник е на второто место во нивното првенство. Не сме дојдени да се предадеме ќе дадеме максимум, сите сме мотивирани да се прикажеме во најдобро можно светло и да постигнеме што подобар резултат. Со радост го дочекуваме овој меч и во позитивна атмосфера“, вели Јовица Симовски.

Вториот дуел меѓу Камник и Вардар се игра утре, исто со почеток во 20 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата