x

Симеоне би го донел Ракитиќ

Иван Ракитиќ речиси сигурно ја напушта Барселона ова лето, а има неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги. За хрватскиот играч од средниот ред интерес пројавија Манчестер Јунајтед, но најблиску да го ангажира е Севиља, од каде отиде во Барселона.

Но, сметките сега може да ги „помати“ интересот од страна на Диего Симеоне да го види Ракитиќ во дресот на Атлетико Мадрид. Тој во него гледа како идеално решение за средината на теренот, и би немал ништо против да го донесе во Мадрид во тимот на Атлетико.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата