Берлин – Германските индустриски гиганти Сименс, Дајмлер и Реинметал се најдоа под лупа на грчките судски власти. Грците веќе девет години водат истрага за нивно наводно подмитување на грчки функционери за добивање на вносни дејности во јавната набавка.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а повеќегодишната истрага опфаќа над 60 поединци и треба да се расветли најголемиот корпоративен скандал во грчката повоена историја, како што го нарекува американското здружение Корпвоч.