Носителот во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова сподели видео на својата Фејсбук страница од вчерашната дебата на ТВ 24 со Никола Димитров.

Се држам до она што сум го кажала. Преспанскиот договор го склучил неовластен субјект – Вие! Чл. 119 од Уставот вели: Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува Претседателот на државата. Владата може да склучува меѓународни договори само кога е тоа утврдено со закон, вели Силјановска

Таа истакна дека меѓународните договори се составен дел на правниот поредок само ако се ратификувани во согласност со Уставот. Не беше ратификуван овој договор така.

Во Преспанскиот напишаа може да спроведете референдум. Референдумот беше неуспешен! Значи, правно мамлив е договорот. И не само тоа, туку чл. 308 од Кривичниот законик вели дека тој што ќе ја доведе Македонија во потчинета положба, кривично ќе одговара, изјави Силјановска