– Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето, истакна по гласањето Гордана Силјановска-Давкова, носител на листа во изборна единица 1.

„Значи, дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните. Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија“, рече таа.