Осуден силувач на деца бил казенет со удари со стап во индонезискиот град Банда Ацех, каде што владее шеријатскиот закон, сè додека не паднал на земја.

Човекот, на кој локалните медиуми го именуваат како Рони, требало да биде удиран со стап 169 пати, но паднал на земја по само 52 удара.

Медицинските работници кои биле на извршувањето на казната рекеле дека казнетиот не е во состојба да продолжи, што значи дека следниот пат ќе треба да претрпи уште 117 удари.

Рони веќе издржал шест месеци затворска казна пред да биде камшикуван, а бројот на удари бил намален од 175 на 169, односно по еден за секој месец минат во затвор.

„Откако беше удрен 52 пати, тој имаше модринки на грбот, ако казнувачите продолжеа, тој можеше да прокрвари. Подобро е казната да се одложи додека не се опорави“, изјавил еден од лекарите.

Рони бил камшикуван заедно со уште петмина осуденици, обвинети за коцкање и казнети со осум удари со стап.

Овој вид на казнување се користи во една од најконзервативните индонезиски провинции и се заснова врз шеријатскиот закон.

Пијанството, прељубата или хомосексуалните односи исто така се казнуваат на овој начин.

извор: Makfax