Најмалку еден човек загина во силното невреме што ја зафати Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, на Венеција `и се заканува нов бран поплави.

Во североисточните делови од земјата, загинал маж кога неговиот автомобил налетал на поплавена улица, која била затворена за сообраќај. Несреќниот возач повикал помош, но пред пристигнувањето на пожарникарите, поплавата го однела автомобилот, пренесе новинската агенција „Анса“.

Во Венеција утрото пораснало нивото на реките на 120 сантиметри, а утре и во понеделник се очекува нивото на водата да достигне 130 сантиметри, што значи дека речиси половина од градпт ќе биде под вода.

Градот се уште не се опоравил од поплавите на 12 ноември, кога нивото на водата достигна неверојатни 187 сантиметри, највисоко ниво во последните 53 години, а што предизвика непроценливи штети.

Во скијачкиот центар Вал Гарден во јужен Тирол откажан е натшреварот во машки спуст за Светскиот скијачки куп, поради обилен снег и дожд.

Властите објавијан портокалово предупредување поради дожд и лизгање на земјиштето во делови на Ломбардија, Јулијска краина, Лигурија, Умбрија, Сардинија и други.

извор: Makfax