Најмалку еден човек загина во јужен Тајланд во силната бура Пабук, која ги погоди познатите тајландски острови Ко Самуи и покраината Си Тамарат, каде се затворени аеродромите, а се очекува да се затворат и другите аеродроми.

Властите стравуваат дека тропската бура ќе биде најлоша во последните неколку десетина години на Тајланд.

Агенцијата за вонредни ситуации соопшти дека загинатиот човек бил дел од екипажот на рибарски брод, што го зафатиле силни ветрови во близина на брегот во покраината Патани. Уште едно лице е исчезнато, а четири се спасени.

Како што пренесува агенцијата АФП, сите острови во заливот би можеле да ги погоди невремето, со оглед на неговата сила. Стотина туристи се блокирани поради затворените регионални аеродроми. Невремето донесе обилни врнежи, силни ветрови и морски бранови до седум метри.

извор: Makfax