Момците кои бараат од вас да почекате и да им дадете време да одлучат дали сте еден за друг, секогаш ќе се сомневаат во нивната одлука и никогаш нема да бидат 100% сигурни во врската која би ја изградиле подоцна. Не само што тој секогаш ќе се прашува дали го направил вистинскиот избор, туку и ќе ја извлече онаа луда верзија од вас која постојано ќе се прашува дали тој можеби мисли дека не ја донел правилната одлука. 

Нормално дека во сите љубовни врски се случуваат непредвидени работи поради кои не се знае дали врската ќе успее или не. Промена на кариера, социјални разлики, различни начини на живот и други слични проблеми можат да ја нарушат хармонијата во врската. Меѓутоа, во случај на такви пречки, никогаш не би требало само еден од вас да одлучува дали вреди да продолжите заедно или не.

Најдете некој кој ќе сака да биде со вас без оглед на сѐ. Ќе го најдете партнерот кој ќе ве става на прво место, само тогаш кога ќе се ослободите од момците кои ве сметаат за опција.