Во силна експлозија, која го потресе предградието Антверпен во Белгија, уништени се повеќе куќи, а едно лице е извлечено од под урнатините.

Противпожарната служба соопшти дека е можно да има уште луѓе кои останале затрупани под урнатините од куќите во јужното предградие на градот, пренесе Ројстерс.

Засега не е познато која е причината за несреќата.

извор: Makfax