Нeколку лица се повредени, а други и натаму се под урнатините, по експлозија која одекна во белгискиот пристанишен град Антверпен, соопшти полицијата.

Експлозијата тешко оштетила три згради во округот Вилрик, јужно од центарот на градот.

Едно лице е спасено од урнатините, напиша полицијата на „Твитер“, додавајќи дека неколку лица се повредени, но дека има и луѓе што останале под урнатините.

Полицијата нема информации за причината за инцидентот, кој се случил околу 12:20 часот по локално време.

извор: Makfax