Лошите навики, како што се грицкање нокти, усни или пенкало, чкртање со заби или стегање и кршење на прстите, се еден од начините да се ослободите од акумулираниот стрес или последица од некој подлабок проблем и можат поприлично да ви го загрозат животот. Лошите навики ако се стекнат, подоцна тешко се отстрануваат. Затоа пред да почнете со процесот на одвикување, треба да сте свесни за проблемите кои ве мачат. Имено, некои од тие навики најверојатно сте ги стекнале во раната младост и толку сте се навикнале на нив, што повеќе не ги ни забележувате. Ако навистина сакате да се промените, морате јасно да знаете од кои лоши навики сакате да се ослободите и да покажете силна волја за тоа. Таа е единствениот лек. Ако тоа го правите поради други личности, многу брзо ќе попуштите под притисок. Се обидувате да водите дневник на лоши навики. Таа фаза на одвикнување е еден вид собирање податоци за себе и за своето однесување. На тој начин ќе станете апсолутно свесни за своите лоши навики и ќе направите образец на своето неправилно однесување. Немојте да бидете сам со својот проблем. Ангажирајте ги роднините и пријателите. Проголтајте ја својата гордост и барајте секој пат да ве предупредуваат на вашата лоша навика. Обидете се да ја откриете вистинската причина за таквото однесување. Стресот е еден од главните фактори, кои влијаат врз стекнувањето лоши навики. Обидете се да бидете преокупирани со нешто што ќе ве смири – вежбите за дишење можат да бидат одличен сојузник. Доколку грицкањето нокти е најголем проблем кој го имате, обидете се рацете да ви бидат секогаш зафатени и подалеку од усните. Овие лоши навики главно се неопасни, но можат да прераснат во грд тик и сигурно со тек на време ќе почнат да им сметаат на личностите, кои се во ваша непосредна близина. Ако се одвикнете, ни вас нема да ви биде непријатно. Затоа треба машки да го издржите периодот на одвикнување.