Синоќа во центарот на Белград се случила масовна тепачка меѓу таксисти и група се уште неидентификувани мажи.

Група од околу 15 такси возачи претепале неколку лица на возраст околу 30 години во центарот на престолнината на Србија.

Според неофицијални информации еден од такси возачите бил нападнат со метални шипки по што тој го притиснал СОС копчето во својот автомобил. Наскоро, на местото на злосторот се појавиле неговите колеги кои решиле да им возвратат на напаѓачите.

Најдебелиот крај го извлекол 31 годишниот маж кој таксистите буквално го претепале.

Српски Курир ја објави шестминутната снимка од тепачката на такси возачите и непознатите мажи во центарот на Белград.