x

Силекс ја „смачка“ Ренова, два гола на Георгиев (видео)

pepi-georgiev

Екипата на Силекс изби на чело на табелата во Првата македонска лига откако денеска ја совлада Ренова на домашен терен со 3:1 во рамките на 4. коло. Кратовци сега имаат скор од три победи и едно реми и поради подобрата гол-разлика се на врвот пред Шкупи кој има ист скор.

Во интересен и динамичен натпревар Силекс го совлада ривалот од Џепчиште со пресврт откако губеше на почетокот на мечот. Мечот освен четири гола го одбележаа и уште неколку шанси на двете страни.

Ренова беше подобра на почетокот на натпреварот, а како што се приближуваше полувремето домашниот тим се повеќе притискаше и тоа вроди со два гола и пресврт.

Во седмата минута Рамадани упати силен шут од голема далечина, а топката мина под рацете на голманот Божиновски и заврши во мрежата. Силекс направи пресврт во период од три-четири минути. Прво Пепи Георгиев се најде сам пред противничкиот голман и ја затресе мрежата, а во судиското продолжение на првиот дел одлична акција на Силекс, Тимовски од десната страна го пронајде Денис Ристов на втората статива, а овој непречен од никого ја смести топката во голот.

Во 58. минута голема грешка на Велија во одбраната, Тантуровски му ја одзема топката, Георгиев се најде во добра позиција и го совлада Велии за 3:1.

Работата за Ренова стана тешка кога Рамадани во 69 минута поради два жолти картони мораше да ја напушти играта. Па така со 10 фудбалери „Гипсарите“ не успеаја да спасат барем бод од овој меч.

Силекс можеа да победат и поубедливо затоа што во финишот ја погодија и пречката.

Така Силекс врза три првенствени победа над Ренова вклучувајќи ги и двете од претходната сезона.

  • СИТЕ ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ

ПМФЛ, 4.коло
СИЛЕКС – РЕНОВА     3:1 (2:1)
Стадион: Силекс во Кратово. Гледачи: /
Судија: Марјан Младеновски од Скопје.
Стрелци: Рамадани 7’ – Георгиев 43’, 58’, Ристов 45’+1’
Ж.картони: Драшковиќ, Жеравица, Карчески, Серафимовски (С) – Рамадани, Шала, Гафури (Р)
Ц.картон: Рамадани од 69 минута
ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Пепи Георгиев (Силекс)

СИЛЕКС: Божиновски, Драшковиќ, Гроздановски, Ивановски (К.Костовски 77’), Жеравица (88’ – Спирковски), Георгиев (77’ – Ф.Костовски), Серафимовски, Ристов, Тимовски, Нешовски (46’ – Тантуровски), Карчески.

РЕНОВА: Велии, Гавазај, Садики, Шефити, Гафури (75’ – Селмани), Рамадани, Шала (82’ – Фетаи), Мишковски, Сефо (46’ – Јашаровски), Велија, Абдула.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата