x

Силекс, Шкендија, Шкупи и Ренова квалификациите во ЛШ и ЛЕ ќе ги играат на Кипар?

nome-ske-4

Квалификациите во новата сезона од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се играат само на „сигурни“ локации. Според некои медиуми кои имаат свои извори во УЕФА, Европската куќа на фудбалот има во план да одреди неколку безбедни локации на кои би се играле комплетните квалификациски кола за новата сезона во најквалитетното европско натпреварување, Лигата на шампионите, но и оние од Лигата на Европа.

За екипите од овој дел на Европа во која е и Македонија, се споменува Кипар како „сигурна“ локација на која би можеле да се одиграат сите три квалификациски кола во ЛШ и четирите во ЛЕ. Одлуката ќе се донесе во скоро време, а кипарските власти наводно веќе соработуваат и имаат разговори со првите луѓе на европскиот фудбал.

„Го информиравме министерот за здравство и има различни аспекти што треба да се земат предвид. Можноста за одржување на некои квалификациски натпревари во нашата земја е реална затоа што Кипар се смета за безбедна дестинација заради коронавирусот“, велат од Кипарската федерација.

Останува да почекаме да видиме дали нашите преставници во европските купови, Силекс, Шкендија, Шкупи и Ренова своите настапи ќе ги имаат токму на Кипар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата