x

Силекс – Ц. Звезда, на 18/19 август во Скопје? Па, не звучи така лошо!!!

Откако и официјално Силекс, како второпласиран тим во прекинатата сезона во ПМФЛ, ќе ја претставува Македонија во квалификациите во ЛШ, сите во таборот на кратовци со нетрпение ја чекаат ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛШ. Познато е дека таа ќе биде на 9 август во Нион. Додека натпреварот, УЕФА одлучи да се игра еден, е закажан за 18/19 август, а домаќинот ќе се знае откако ќе се влече ждрепка. Јасно е дека со оглед на пандемијата на Ковид-19, ќе нема гледачи, барем не ако се игра во Скопје, сепак убаво е да се падне ривал кој ќе предизвика внимание во домашната јавност. Имено како можен ривал се споменува Ц. Ѕвезда, која би можела да дојде во Скопје на 18/19 август. Ќе се сложите дека оваа варијанта и не звучи така лошо, посебно ако се знае дека кој и да му се падне на Силекс, нашиот тим ќе биде голем аутсајдер. А покрај Ц. Ѕвезда тука се и Селтик, Лудогорец, Шериф Тираспол и други познати европски клубови.

Кога сме кај белградските „црвено – бели“, да споменеме дека пред 2.5 години во Анталија, кратовци со нив во пријателски меч 0:0.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата