x

Силекс на колена, Ѓорѓиев е херојот на Борец

borec-tikves-prijatelska

Силекс – Борец 1:2 (1:0)

Стадион во Кратово

Без гледачи

Главен судија: Александар Ставрев Помошници: Дејан Костадинов, Дејан Неделкоски (сите од Скопје)

Стрелец: Гроздановски 21 (С) Стоименовски 63‘, Ѓоргиев 90‘ (Б)

Ж.картони: Ѓуриќ, Нешовски, Костовски, Тантуровски (Б) Стоименовски, Ристески (Б)

Ц.картони: Костовски (С)

Играч на натпревар: Ѓорѓи Ѓоргиев (Б)

Силекс: Божиновски, Драшковиќ, Грозданоски, Серафимовски, Мустафов (Костовски 56‘), Ристов (Костовски 79‘), Тимовски, Нешовски (Спиркоски 62‘), Карчески, Тантуровски, Георгиев (Ѓуриќ 79‘)

Борец: Мустафа, Ристовски, Ристески, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва, Ристовски (Десниќ 85‘), Радовиќ (Ѓорѓиев 90‘), Становски (Пеев 79‘)

Ако некој помисли дека тимот на Силекс со тоа што беше наш овогодинашен претставник во Лигата на Шампионите, е најдоборото што Македонија во моментов го има на фудблски план очигледно сериозно се излажал.

Кратовци денеска се поразени на домашен терен, од тимот на Борец со конечни 1:2, во меч кој навидум не изгледаше за таков но донесе возбудувања особено во вториот дел.

Херој на гостинскиот состав денеска е Ѓорѓи Ѓоргиев, резервистот кој влезе во игра во судиското продолжение, да помогне во дефанзива што се вели, а тој наместо да го стори тоа постигна ефектен гол за победа.

Одличната партија на гостите беше зачинета со борба на секој дел од теренот во текот на сите деведесет минути, а среќата хи следи храбрите па така Борец денеска со полн плен си замина од Кратово.

А, не требаше да биде така односно почетокот на мечот не навестуваше такво нешто. Силекс стисна силно и погоди преку Грозданоски откако една мешаница добро ја искористи дефанзивецот на домашните. Станковски со удар од далечина единствен се закани во првиот дел кај Борец.

Во второто полувреме поинаков гостин на терен. Подобро движење повеќе на противничка половина.Откако ударот на Станковски мина милиметри покрај статива, иницијативата на Борец се исплати во 63. Минута. Корнер на Силва од десно, одличен скок на втора статива на Стоименовски го погодува спротивниот агол за 1:1.

Судијата Ставрев во главна улога во 74. Минута кога досуди пенал за домашните кои го виде само тој, и никој друг, но Тантуровски бие преку гредата и останува 1:1.

Во последните моменти најголемата шанса на Силекс ја промашија не еден туку тројца напаѓачи затоа што топката десетина секунди беше во петерецот на Борец, а Ристески, Мустафа, Стојчевски и останатите френетично се бранеа и спасуваат чист гол. Избиваат конечно, топката ситнува до Ристовски кој погодува прекрасен центаершут од десно, а на во петерецот на Силекс Ѓоргиев забива за водство на Борец и конечен триумф од 1:2

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата