x

Силекс го откажа гостувањето во Сурдулица!

Фудбалерите на Силекс на 25 јули сепак нема да имаат еднодневен излет во Србија, поточно во Сурдулица. Имено тие требаше да одиграат меѓународен пријателски меч со Радник Сурдулица, но поради новите прописи кај нашиот северен сосед во врска со коронавирусот, тој меч мораше да биде откажан. Ова му направи проблеми на тренерот на кратовци Горан Симов, кој мора добро да ја подготви својата екипа за настапот во квалификациите во Лигата на Шампионите ова лето. Па така сега место со српскиот прволигаш, кратовци во тој термин на свој терен ќе одиграат против Борец Велес. Додека утре ги чека уште едно гостување во Струмица, по она со Беласица, каде ќе ги одмерат силите со Академија Пандев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата