x

Силекс во офанзива: Серафимовски продолжува во Кратово, засега нови се Ѓоргиев, Спиркоски и Тантуровски!

ФК Силекс, кој веројатно ќе ја претставува Македонија ова лето во квалификациите во Лигата на Шампиони, е во целосна офанзива во овој летен преоден рок. Кратовци го задржаа “костурот“ на тимот, кој минатата сезона ја заврши како втор, а вчера го продолжија договорот со Виктор Серафимовски. Од друга страна, колку само да се потсетиме, првите луѓе на кратовци успеаја да му ги донесат на стратегот Горан Симов, како засилувања, проверените прволигашки фудбалери, и тоа Пепи Ѓоргиев, Благоја Спиркоски и Дејан Тантуровски. Се очекува во наредните неколку денови во Кратово да дојдат уште едно до две нови имиња и со тоа да се затвори “пазарот“.

Кога сме кај Силекс да кажеме дека шефот на стручниот штаб Горан Симов и неговите фудбалери, веќе неколку денови тренираат и се подготвуваат за настапите во Европа и се разбира за наредната сезона во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата