x

Силекс во Баку патува со чартер, мечот со Карабах се игра во вторник во 18 часот!

sileks-gol-1

Силекс по речиси две децении и повеќе ќе ја претставува Македонија во квалификациите во Лигата на Шампионите. Ждрепката сакаше ривал да биде силниот состав на Карабах. Инаку овој меч е закажан за во вторник (18 август) и тоа со почеток во 18 часот по македонско време, односно 20 по азербејџанско.

Експедицијата на кратовци за Баку со чартер лет ќе отпатува во понеделник рано наутро. Попладне следува сместување во хотелот, а вечерта по кусиот одмор и одработување на тренингот на стадионот во Баку каде ќе се одигра овој натпревар со Карабах. Утредента е натпреварот а веднаш по него и враќање дома.

Да потсетиме дека пред Баку, момците на тренерот Горан Симов имаат и “домашна задача“, а тоа е дуелот со Пелистер, закажан за в петок во рамките од 2.коло во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата