Легендарниот претседател на Милан и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони е позитивен на тестот за коронавирус, објави новинарот Николо Шира.

Лидерот на партијата Форца Италија поминал тест по посетата на островот Сардинија. Неговиот лекар, Алберто Зангрило, директор на болницата Сан Рафаеле во Милано, изјави

– Силвио е асимптоматски и е во изолација во неговата резиденција во Аркор.